Македонија во вториот шешир, ќе ги избегне Хрватска, Црна Гора, Бразил…

899

Македонската ракометна репрезентација го чекира билетот за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска. Веќе се познати дел од противниците на Кирил Лазаров и неговите избраници. Ждрепката е закажана за 2. јули во Катовице, а Македонија пред истата се најде во вториот шешир. Ова значи дека ракометарите во групната фаза ќе избегнат репрезентации како Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска.

Според пропозициите земјите учеснички ќе бидат поделени во осум групи со по четири сечекции, првите три продолжуваат во главната фаза.

Она што е сигурно е дека Македонија нема да игра во групите Б и Г, поточно во градовите Катовице и Јончепинг, таму се распределени репрезентации од вториот шешир.

ИХФ ќе додели и две валјд карти, најверојатно главен конкурент ќе биде Словенија, но двете репрезентации кои ќе ги добијат овие карти ќе стартуваат од последниот шешир.

ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

ШЕШИР 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

ШЕШИР 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

ГРУПИ И ДОМАЌИНИ

Група А (Краков) – Шпанија
Група Б (Катовице) – Франција/Африка 1, Полска
Група Ц (Гетеборг) – Шведска
Група Д (Кристијанштад) – Исланд
Група Е (Катовице) – Германија
Група Ф (Краков) – Норвешка
Група Г (Јончепинг) – Франција/Африка 1, Хрватска
Група Х (Малме) – Данска

 

ПретходноЉафтов заврши со Равена, која ќе биде следна дестинација?
СледноОва момче е надреално: Веќе 6 години нема пропуштено меч во Ла Лига!