Манчестер Сити мораше да му се извинува на Ливерпул за однесувањето на навивачите

153

Манчестер Сити не само што мораше да го проголта поразот од Ливерпул во полуфиналето на ФА Купот, туку потоа мораше да му се извини поради однесувањето на некои негови приврзаници.

Имено, во времето предвидено за минутата молчење пред почетокот на мечот, со која требаше да им се оддаде почит на жртвите од трагедијата во Хилсброу, навивачите на Манчестер не покажа почит и продолжија да скандираат, некои свиреа, па судијата Мајкл Оливер побрза да свирне и да го прекине незгодниот момент.

По натпреварот, Сити преку официјално соопштение го осуди однесувањето на своите навивачи.

„Манчестер Сити е крајно разочаран од постапките на некои од нивните симпатизери за време на минутата молчење пред денешниот натпревар. Клубот искрено им се извинува на сите поврзани со ФК Ливерпул“, напишаа „граѓаните“.

ПретходноОва момче е надреално: Веќе 6 години нема пропуштено меч во Ла Лига!
СледноМитревски искрено: Ние сме шампиони да дигнеме некој, а потоа да го уништиме! Немаме трпение!