Пелистер му се одмазди на Феникс 2010

68

Екипата на Пелистер забележа победа на гостувањето кај Феникс 2010 со 69-77 и со тоа ја стартуваше Суперлигата која подоцна води во разигрувањето за титулата во македонскиот кошаркарски шампионат.

Феникс беше еден од тимовите кои ги победи „зелените“ во регуларниот дел од сезоната. Гостите од Битола имаа контрола речиси на целиот натпревар, Феникс имаше водство само на стартот (7-5), но „зелените“ во продолжение го диктираа темпото. Во еден момент Пелистер имаше и предност од 18 поени.

Игор Кесар со 20 поени беше најефикасен кај Пелистер, а дебитантот Стефан Крстајиќ постигна 17 поени. Кај Феникс најпрецизен беше Бојан Трајковски со 23 поени и имаше 11 скока, а Џош Вилијамс постигна 19 поени.

ПретходноФудбалерите на Пјаст со поддршка за Костадинов
СледноНојер останува прв голман на Баерн до 2025