Податок за наклон: Македонија е седма најуспешна репрезентација во Европа!

5779

Македонската ракометна репрезентација го обезбеди шестото учество по ред на Светските првенства, вкупно осмо во својата историја. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ нашите момци ја совладаа Чешка со 27-25 во реванш бараж мечот и ставија печат на мундијалската виза.

Веќе со години, ракометарите се најуспешниот национален тим. Редовно учествуваат на големите натпреварувања, имаат шест Европски првенства по ред, вкупно седум и уште толку на светските првенства (без последното на кое треба да учествуваме).

Данскиот ракометар, Расмус Бојсен, кој е познат по своите редовни анализи на ракометните случувања извади интересна статистика на учества на европските селекции на големите натпреварувања од 2013 година па навака.

Во силна конкуренција, Македонија е седма европска сила во изминатите девет години. Податок кој во никој случај не смее да се занемари. Македонија има обезбедено 11 пласмани на големите натпреварувања, едниствено што недостига е учеството на Олимписките Игри во табелата која ја објави Бојсен.

Со 11 изборени големи натпреварувања од 2013 година, исто како Македонија е репрезентацијата на Исланд. Во овој поредок, Македонија е пред Унгарија, Полска, Словенија, Црна Гора, Србија, Португалија, Чешка…На првото место се Франција и Данска, по што следуваат Шпанија, Хрватска, Шведска и Германија.

ПретходноЕлмас, Трајковски и Ристовски им се поклонија на ракометарите (ФОТО)
СледноШампионот тргна победнички, Тејтум со звукот на сирената донесе победа за Бостон (ВИДЕО)