ФИФА спрема изненадување: Мечевите на СП во Катар ќе траат подолго!?

251

Иако не делеше само еден чекор до пласман на Мундијалот во Катар, кој ќе се игра ноември – декември оваа година, сепак за жал Македонија нема да ја гледаме на СП. Португалија бепе подобра во финалето од плеј – офот за пласман на Мундијалот во Порто.

Од друга страна денеска се појавија информации, па и потврда од Пјерлуиџи Колина, шефот на судиите во ФИФА, кој наговести дека мечевите на Мундијалот ќе траат подолго. Имено судиските продолженија ќе бидат од 5 до 9 минути, во зависност од тоа колку е потребно. Ќе се продолжи и она време кое ќе биде загубено при прославата на головите.

Ако ја погледнете статистиката ќе видите дека обично натпреварите траат ефективно од 52 до 58 минути. Ние сакаме со ова ново правило да го спасиме фудбалот. Скапите билети и скапите ТВ права бараат играње фудбал 90 минути. Ако сакаме да биде максимално прецизни ќе мораме да се навикнеме на траење на судиското продолжение од околу 9 минути, па и повеќе“ посочи легендарниот Колина.

ПретходноКОМЕНТАР НА 28.КОЛО: А. Пандев и Шкендија во среда ќе навиваат за “лавовите“…
СледноГотово е: Тен Хаг е новиот тренер на Јунајтед!