Шампионот тргна победнички, Тејтум со звукот на сирената донесе победа за Бостон (ВИДЕО)

109

Актуелниот бранител на титулата во НБА лигата, екипата на Милвоки го совладаа Чикаго на домашен терен со 93:86 и поведе со 1:0 во четвртфиналната серија од плеј-офот на Истокот.

До победата за Бакс ги предводеше Јанис Адетокунбо кој постигна 27 поени со 16 скока, Брук Лопез додаде 18, а Џру Холидеј 15 поени. Никола Вучевиќ беше најдобар во редовите на Булси со 24 поени и 17 скока.

Кошаркарите на Феникс поведоа со 1:0 во првото коло од Западната конференција откако славеа над Њу Орлеанс на домашен терен со 110:99. Феникс имаше и 23 поени предност, но Њу Орлеанс до крајот на третиот дел од натпреварот се доближи на 79:71, по што на сцена стапи Крис Пол, кој постигна 19 од своите 30 поени во последниот дел од мечот.

Девин Букер додаде 25 поени за победничкиот тим, а Деандре Итон 21. Кај Њу Орлеанс предничеше Си Џеј МекКолум со 25 поени.

Бостон синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Бруклин со 115:114 и поведоа со 1:0 во плејофот на Истокот. Претходно во текот на вечерта Мајами тргна со убедлива победа над Атланта со 115:91.

ПретходноПодаток за наклон: Македонија е седма најуспешна репрезентација во Европа!
СледноДиректорот на Ајакс: На Тен Хаг му понудивме и нов договор и повеќе пари