Буњамин Шабани: Струга ТЛ не крие, сакаме во финале на Купот, го сакаме пехарот!

172

Утре на свој терен во Струга, фудбалерите на Струга Трим Лум ќе го одиграат натпреварот на сезоната. Имено во полуфиналето од Купот на Македонија тие се среќаваат со силната екипа на Македонија ЃП. Во случај на победа, тогаш стружани ќе испишат клупкска историја, пласман во големото финале кое се игра на 20 мај.

За тоа што се очекува од овој натпревар, свој коментар има Буњамин Шабани, капитенот на Струга Трим Лум:
„Да, не очекува натпревар од големо значење. Јас би рекол дека тоа е натпревар на сезоната за нас. Играме против силен состав, Македонија ЃП е квалитетен тим. Сепак знаејќи ја важноста на овој дуел ние сме максимално подготвени. Целта е заедно со нашите навивачи утре да ја испишеме клупската историја. Ние не криеме дека сакаме утре да победиме, сакаме да се пласираме во финалето, сакаме да го освоиме трофејот во ова натпреварување. Ако лани во Европа игравме преку првенството, тогаш оваа година сакаме како победници на Купот на Македонија исто така да играме во Европа“ изјави Шабани за клупскиот сајт на Струга Трим Лум.

ПретходноМаркус Смарт е најдобар дефанзивец во НБА лигата
СледноТриатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 на 14 мај во Скопје!