Со Украина дефинитивно во Молдавија

513

Македонската репрезентација до 21. година тековните квалификации дефинитивно ќе ги доигра и тоа против репрезентацијата на Украина. Иако се очекуваше оваа репрезентација да не ја доигра оваа кампања со оглед на ситуацијата во оваа земја, сепак, се случи сосема споривното. Од тамошниот сојуз, а потоа и од УЕФА потврдија дека Украина ќе ги доигра квалифиациите, и дуелот со Македонија на 7. јуни. Истиот секако нема да се игра во Украина, туку во Кишињев, Молдавија. Конкретно, дуелот е закажан на стадионот на ФК Зимбру. Единствена дилема засега е самиот датум на одигрување на мечот, затоа што Украина бара одложување за еден ден, односно одигрување на 8. јуни што секако Македонија го прифаќа.

Промена на составот во секој случај

Македонија во тој јунски репрезентативен прозорец треба да одигра два меча. Овој со Украина, но и тој со Ерменија на домашен терен на 2.јуни. Селекторот Канатларовски планира за овој двомеч да повика играчи кои ќе имаат право на настап и во следните квалификации што ќе рече дека ќе има промени во составот  во споредба со мечевите против Србија односно Фарските острови. Македонија веќе нема шанси за пласман во следната фаза, па тоа значи и воигрување на новата генерација.

 

ПретходноПо семејната трагедија: Роналдо вечерва нема да игра со Ливерпул!
СледноБарселона од „германската инвазија“ изгубила 2,5 милиони евра!