Поп Арсова со државен рекорд, заедно со Анчевски победници во Купот на Македонија

64

Адријана Поп Арсова и Атанас Анчевски ги освоија златните медали во Купот на Македонија на 10.000 метри, кој се одржа овој викенд.

Анечевски од клубот Делта, патеката ја мина за време од 32.01.06, додека зад него завршија неговите клупски колеги Димитар Петровски и Иван Пешовски. Во женска сениорска конкуренција, Поп Арсова оствари време од 35.00.30, зад неа беше Биљана Кираџиева и Милена Ристиќ.

За скоро цела минута Адријана, на Купот на Македонијана 10.000 метри успеа да го подобри сопствениот, а воедно и националниот рекорд со време 35.00.30 , кое претходно изнесуваше 35.53.33.
 

ПретходноЈа шокираа Барса, испишаа историја и воодушевија со еден потег по мечот (ФОТО)
СледноКипријановска се сели кај Гичевска која потпиша за романски тим