Покрај тоа што Барселона доживеа голем срам во Лигата на Европа, елиминацијата од Ајнхрахт Франкфурт, уште поголем срам за каталонците беше тоа што фановите од Германија го “окупираа“ стадионот “Камп Ноу“ и тоа со бројка од повеќе од 30.000 гледачи.
Страшно беше тоа за каталонците, посебно за сите во клубот.
Неколку дена по тој меч сега излегуваат инфромации дека Барселона е во загуба и на финансиски план по овој меч. Имено станува збор за сума од најмалку 2,5 милиони евра, што секако дека е голем удар за клубот.
За што станува збор?
И официјално на стадионот имало 34.440 гледачи на Ајнтрахт, а дека од нив е заработено 3 милиони евра, тоа го кажа и портпаролот на клубот. Тоа значи дека еден билет чинел 87 евра. На клупскиот сајт пишува дека најефтиниот билет за Германците чинел 159 евра, а тие посочуваат дека ги купувале влезниците од 90 па се до 250 евра. Сепак и да ги купувале по најефтината тарифа Барса би заработила 5,5 милиони евра, а не само 3 милиони. Ете како се изгубени тие 2,5 милиони евра.
Ова е уште еден срам за раководството на Барселона.