Гвардиола: За нас до крајот на сезоната секој меч е финале, вечерва навивам за Јунајтед

133

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека секој натпревар за шампионот во Премиер лигата до крајот на сезоната ќе биде рамен на финале.

Тимот предводен од шпанскиот стручњак е лидер во поредокот за шампионската титула и ќе продолжи до крајот на сезоната да се бори со Ливерпул, кој го следи на само бод од врвот.

„Предизвикот пред нас е сличен на оној што го имавме пред две недели. Разликата е еден бод. Секој натпревар е финале, предизвик и битка до крај“, изјави Пеп Гвардиола пред гостувањето на Брајтон во среда.

„Знаејќи во каква ситуација се наоѓаме и проблемите што ги имавме во текот на сезоната, задоволен сум од постигнатото. Анализираме, знаеме кои сме и одиме напред. Натпреварот на Ливерпул против Манчестер Јунајтед ќе го гледам како навивач. Сакам да го знам резултатот и ќе бидам среќен Јунајтед да освои бодови, но тоа нема ништо да промени доколку не си ја завршиме работата во следните натпревари“, изјави Гвардиола.

Кајл Вокер утре ќе го пропушти мечот со Брајтон по повредата што ја заработи на мечот со Атлетико Мадрид минатата недела во Лигата на шампионите, но Рубен Диас се врати во составот.

ПретходноШампионот тргнаа со победа во женското плеј-оф финале
СледноНа Баерн (М) му преседнаа преговорите: Левандовски може да си оди за 40 милиони евра