Далас израмни, Јокиќ заработи исклучувачка, рекорд на Кари (ВИДЕО)

268

На првиот дуел од Западната конференција, Голден Стејт дојдоа до нова победа во пресметките со Денвер, овој пат со 126-106. Вориорс на крилата на Стеф Кари поведоа со 2-0 во серијата.

Кари кој се врати на првата средба постигна 34 поени, додаде три скока и четири асистенции. Имаше добра помош од Пул кој дуелот го заврши со 29 поени, пет скока и 8 асистенции. Кај Денвер Никола Јокиќ имаше дабл-дабл од 26 поени, 11 скока и 4 асистенции.

Кари запиша рекорд на овој дуел. Тој е првиот кошаркар во НБА-лигата кој постигнал најбрзо 30 поени. За 23 минути постигна 34 поени.


Српскиот центар заработи исклучување на оваа средба, откако на седум минути до крајот доби втора техничка грешка. Јокиќ не беше задоволен од судиската одлука, бараше лична грешка.

Далас во одличен натпревар ја совлада Јута со 110-104 и изедначи во серијата на 1-1. Одлична партија пружи Џејлен Брансон кој мечот го зарши со 41 поен, осум скокови и пет асистенции, Богдановиќ имаше 25 поени.

На Истокот се одигра еден дуел од плеј-офот. Филаделфија поведе со 2-0 во пресмерките со Торонто, славеше со 112-97. Ембид блескаше со 31 поен и 11 скока. Аноноби со 26 поени, еден скок и три асистенции.

ПретходноТри големи ѕвезди добиле „шут карта“ од ПСЖ
СледноГотово е: Халанд става потпис за Сити, ќе биде најплатениот играч во Премиер-лигата