Италијанскиот репрезентативец Матија Де Шиљо вели дека се повеќе млади италијански фудбалери би требало да прават трансфери во странство, а објасни и зошто. Дефанзивецот се врати во Јувентус летоска по една сезона помината во Лион.
„Би било штета да не пробаат. Многу играчи се плашат да ја напуштат Италија, но од мое искуство можам да кажам дека тоа е одлично искуство. На страна, младите играчи се поспремни за важни натпревари. Тоа го видов во Франција, каде тие не се плашат да погрешат. Таму им е дозволено да грешат. А млад Италијански играч го фалат после добар настап, а ќе го уништат после лошо одигран меч. Во Лион го открив уживањето да играм фудбал. Го споредувам менталитетот во Франција и Италија, постои силен притисок од медиумите и фановите. Во Франција, тие се фокусираат на еден натпревар без огорченост. Пристапот кон фудбалот е помирен“, вели Де Шиљо.