Кошаркарите на Анадолу Ефес направија изненадување на стартот од четвртфиналната серија од плеј-офот во Евролигата, обезбедувајќи побед ан агостувањето во Милано. Актуелниот европски шампион, кој во плеј-офот влезе од шестата позиција ја совлада екипата на Олимпија Милано на гости со 64:48.
Избраниците на Ергин Атаман одиграа перфектно во одбраната во вториот и третиот дел и уште еднаш потврдија дека не е само напаѓачка „машина“. Пласман на Ф4 турнирот во Белград ќе обезбеди екипата која прва забележа три триумфи, а вториот натпревар е на програмата на 21 април, исто така во Милано.
Кај Ефес, Мичиќ и Шејн Ларкин беа лидери во триумфот со по 16 поени.