Довчерашниот тренер на тетовска Шкендија, Бруно Акраповиќ, е фаворит за преземање на елитниот босански клуб Тузла Сити, објавија босанските медиуми.
Тузла Сити моментално е на второто место во локалниот шампионат, но се раздели со својот тренер Хусреф Мушемиќ по три последователни натпревари без победа и сериозно заостанување зад лидерот Зрински (Мостар). Доколку потпише договор со овој клуб, тоа ќе биде прва тренерска работа за Акраповиќ во татковината.
Во последните неколку дена во Бугарија се пишуваше дека тој може да се врати на чело и на Локомотив од Пловдив.