Одличен потег на раководството на Ракометната федерација на Македонија. Имено за мечот на женските репрезентации меѓу Македонија – Норвешка, во рамките на ЕХФ Евро Купот, влезот ќе биде слободен. Истиот се игра в четврток (21.04.2022) во салата “Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 19.30 часот.
За тие што не ќе можат да дојдат во салата и да ја бодрат Македонија против силната Норвешка, ќе можат овој натпревар да го следат низ ТВ пренос на МРТВ.