Кавадарци домаќин на Купот на Македонија, иницијатива за ревијален меч во чест на Марко Божиновски

114

Купот на Македонија во машка и женска конкуренција оваа година ќе се одржи во салата „Јасмин“ во Кавадарци (од 13 до 15 мај), беше одлучена состанокот на Управниот одбор при РФМ.

„Низ годините Купот на Македонија сме го организирале во различни градови ширум државата, годинава сме во контакт со раководството на РК Тиквеш и градот Кавадарци, кои имаат голем ентузијазам да бидат домаќини на овој настан. Веруваме дека ова е најдобра опција во моментов“, рече Генералниот секретар Филип Милошевски.

Во завршницата на Купот на Македонија место обезбедија Вардар, Е.Пелистер, Е.Пелистер 2 и Бутел Скопје, ждрепката е закажана во среда.

На состанокот на УО беше покрената инцијатива пред финалето да се одигра ревијален натпревар меѓу кадетскиот шампион, Бутел, и селекција од најдобрите играчи од кадетска конкуренција, истиот ќе биде одигран во чест на Марко Божиновски, кој беше наш кадетски репрезентативец.

ПретходноЛавот Адеми урива уште еден рекорд!
СледноПрвиот потег на новиот тренер на Јунајтед ќе биде да го “откачи“ Мегваер!