Аријан Адеми, капитенот и легендата на Динамо, еден од нашите најдобри фудбалер, утре на „Пољуд“ во Сплит ќе урне уште еден клупски рекорд во хрватскиот фудбал..
Имено тој на утрешниот меч од заостанатото 9.коло во ХНЛ, на „Пољуд“ по 15 пат, како играч на Динамо, ќе игра против Хајдук. Тоа го прави не само рекордер на “модрите“ туку и апсолутен рекордер во историјата на тамошниот фудбал. Лавот Адеми во изминатите години, и повеќе од деценија, во 14 наврати има играно на „Пољуд“ против „билите“, и тоа 13 пати во првенството и еднаш во Купот на Хрватска. Инаку 15 мечеви со Динамо на „Пољуд“ има, но како играч на Хајдук, Срѓан Андриќ, и тоа 12 пати во првенството и 3 пати во Купот на Хрватска.