Шампионските амбиции на Ливерпул продолжија и по вечерашното дерби од 30. коло на англиската Премиерлига. На домашен терен, „црвените“ славеа со убедливи 4:0 над лутиот ривал и уште еднаш покажаа дека оваа сезона се класа пред момците на Рангник кои одиграа еден подпросечен меч со 0 (нула) шанси за гол.
Ливерпул уште во првиот дел си ја заврши работата со брзиот погодок на Луис Диаз во 5. минута по едно одлично додавање на Салах по брзата контра во која гостите останаа без одговор. Веќе во 22. минута, Мо Салах погоди за зголемување на предноста на 2:0.
Работите воопшто не се променија и во вториот дел. Ливерпул притискаше, Манчестер Ј. не успеа да се закани кон голот на Алисон. Мане во 68. минута со еден убав погодок зголеми на 3:0, за конечните 4:0 да ги постави Салах со вториот гол во 84. минута.
Ливерпул сега е прв на табелата пред Манчестер Сити, кој утре ќе го одигра својот меч со Брајтон.