Баерн Минхен сериозно размислува ова лето да го продаде својот голгетер Роберт Левандовски, тврди магазинот „Кикер“. Баварците веќе се помирија со фактот дека тој сака да си замине, па се договориле неговата слобода да ја проценат на најмалку 40 милиони евра.
Преговорите меѓу двете страни за нов договор не одат добро, бидејќи Баерн има политика и нема да му понуди нов договор на Левандовски за повеќе од 2 години, како и зголемување на платата какво што посакува напаѓачот.
Минхенски „ТЗ“, пак, објави дека нема вистина во информациите дека Барселона е заинтересирана за Левандовски. Медиумите сугерираат дека ова е обид на агентот на играчот Пини Захави да му договори подобра плата.