Пике за аферата Супер куп: Се е легално, а имам доволно пари да лежам и ништо да не работам

360

„Ел Конфиденсал“ покрена приказна во Шпанија дека дефанзивецот на Барселона Жерар Пике и претседателот на ФФ на Шпанија Луис Рубиалес договориле мултимилионски договор за мечот од Суперкупот на Шпанија да се одигра во Саудиска Арабија. Според информациите кои се појавиле во јавноста, целиот износ од заработката изнесува 40 милиони евра, а Пике на сметка преку неговата фирма „Космос“ би требало да добие околу 24 милиони евра. Се појавила и снимка од нивниот разговор и сумата за која се договараат.

Пике излезе во јавноста и кажа што имаше да каже:

Се што направивме е легално. Затоа излегов јавно да кажам, да го покажам своето лице затоа што немам што да кријам. Горд сум на се што работиме во Космос. Планот беше да го промениме форматот на натпреварување и да биде интересен за гледачите и престедателот Рубиалес се сложи со идејата. Саудиска Арабија не беше единствена опција, тука беа и Катар и САД. На крајот се одлучивме за Саудиска Арабија“, рече Пике.

За заработката тој објасни:

Проценти? Живееме во таков свет и тоа е релативно нормално. Се движи од 10 до 15 отсто и верувавме дека тоа е во ред, се е во рамките на пазарот. Треба да се додаде дека оваа промена и донесе пари и на Федерацијата затоа што е голема зделка, изнесува околу 40 милиони евра. А таа снимка која ја слушнавте е извадена од контекст, му објаснував на претседателот некои работи и пробавме двајцата да најдеме совршена формула. Луѓето од „Конфиденсал“ ми се јавија и ми рекоа за снимката, им реков дека не ме интересира затоа што немам што да кријам. Не треба да бидеш премногу интелегентен за да разбереш кој стои зад сето тоа“, кажа дефанзивецот.

Зошто снимката сега е појави? Истражете сами, затоа сте новинари. Ние провизија добивме директно од Саудиска Арабија, не од Федерацијата. А дали ќе се повлечам после ова? Не планирам. Ќе играм уште. Не мислам да му се извинувам некому поради ова, нека секој си мисли што сака. А искрено не станав дел од „Космос“ поради пари. Како што добро знаете, заработувам доволно и можам остатокот од животот да си лежам и ништо да не работам. Но тоа не ми е целта. Живееме во такво друштво каде што заработката значи успех и тоа ми се допаѓа“, заклучи Пике.

ПретходноТренер не треба да се оценува само по освоени трофеи, има одлични стручњаци што не освоиле ниту еден
СледноАрсовски обезбеди бронза, ќе атакува на финале