По семејната трагедија: Роналдо вечерва нема да игра со Ливерпул!

138

Кристијано Роналдо вечерва нема да игра за својот Манчестер Јунајтед на супер – дербито со Ливерпул на “Енфилд“. Ова и официјално го објавија од таборот на Јунајтед. Причината е семејната трагедија на Португалецот.

Тој вчера објави дека во болница му починал новородениот син. Роналдо беше скршен од болка, секако како и секој родител. Дека е ценет и почитуван говори податокот дека синоќа и денеска до него пристигнуваат пораки со жалење.

Инаку договорено е во 7.минута од вечерашниот натпревар тој да биде прекинат за да сите заедно, навивачите и играчите со едноминутно ракоплескање изразат сочуство.

ПретходноМукаетов останува на чело на РФМ: Не е време за повлекување, политиката мора да се држи надвор од ракометот и спортот!
СледноСо Украина дефинитивно во Молдавија