Веќе нема дилеми, Ерик тен Хаг ќе го предводи Манчестер Јунајтед во следната сезона. Се чини дека се е готово, останува само уште официјалното „ДА“ од двете страни, и секако промоцијата по завршување на сезоната.
Денеска медиумите во Англија го најавуваат првиот потег на новиот стратег на Јунајтед, и тој ќе биде очекуван потег. Имено Тен Хаг му спрема „шут – карта“ на Хари Мегваер кој во последно време игра во очајна форма и повеќе служи за потсмев во фудбалската јавност отколку што допринесува за тимот.
Се шпекулира дека новиот стратег од раководството на Јунајтед, бара да му се донесе Антонио Ридигер од Челзи како замена за Хари Мегваер. Се разбира дека ова ќе ги израдува фановите на Јунајтед, ако се знае дека Ридигер во моментов е еден од најдобрите стопери во светот.