Според статистиката: Чави е најлошиот тренер на Барса во последните 20 години!

372

Чави Ернандез е најлошиот, со најлоша статистика, тренер на Барселона во изминатите 20 години. Тоа го вели статистиката која секако дека е меродавна, а бројките се егзактни. Имено Чави на 30 мечеви откако ја води Барса, успеал да победи само на 16 или во просек тоа му доаѓа 53.33 насто. Неговиот претходник Роналд Куман има 58.21 насто. Инаку полош од Чави е само Карлес Рексач, кој беше тренер на Барса во 20202 година и кој има само 50 насто.

Се чини дека фантастичниот настап и победа од 0:4 на „Сантијаго Бернабеу“ беше само една блескава вечер на Барса, но и не и некаков си континуитет. Од тој меч наваму каталонцитеи и со игрите и со резултатите просто се бламираат, посебно со најновиот пораз од Кадиз.

ПретходноСкубе во Монпеље, Киелце заработи 200.000 евра
СледноМаркус Смарт е најдобар дефанзивец во НБА лигата