Одбојкарите на Струмица 47&72 се прв финалист во домашниот одбојкарски плеј-оф. Неприкосновениот тим сезонава, изненадувачки загуби еден сет на гостувањето кај Универзитет во Тетово, но не дозволи никакви поголеми изненадувања, иако тетовци вечерва се покажаа како исклучително цврст орев за големиот фаворит.
Струмица на крајот славеше и ја доби полуфиналната пресметка со Универзитет во Тетово со 2:0 во партии со што прва си го обезбеди местото во финалето. Таму за противник ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Шкендија и Вардар каде тетовци по првиот дуел имаат предност од 1:0.
Прва лига (мажи), полуфинале (реванши)
Универзитет во Тетово – Струмица 47&72 1:3 (21:25, 25:23, 18:25, 20:25) / (0-2)
Вардар – Шкендија (0-1) (четврток, 21.00, МРТ-3)