Реал Мадрид е на чекор до освојување на титулата во шпанската Ла Лига, а исто така има шанси и да стане европски првак. За тоа заслужен е и Карло Анчелоти кој успеа да го стабилизира кралскиот тим и почна да наликува на она што беше во минатото – страв и трепет. Анчелоти во интервју за „Марка“ зборуваше за тренерите и за тренерската работа.
„Имав среќа да работам во големи клубови. При давањето на оценки за еден тренер не треба да се земат во предвид само освоените трофеи. Одлични се и оние тренери кои ги спасуваат своите тимови од испаѓање. Тоа е исто како да освоиле трофеј.
Реал Мадрид е клуб со посебна магија, овој клуб има нешто посебно. Среќата за мене е квалитет. Кога ми велат дека имам среќа, јас велам дека тоа е квалитет плус за мене. Наполеон веле дека повеќе сака генерали кои имаат среќа, отколку генерали кои имаат знаење.
Ако морам да изберам помеѓу освојувањето на Ла Лига или Лигата на шампионите можам да кажам дека и двата трофеја ме привлекуваат“, рече Италијанецот.
Реал освои 75 бода на 32 натпревари и е на првото место во Ла Лига.
„Премногу сум искусен за да верувам дека веќе сме ја освоиле Ла Лига. Блиску сме. Играме добро но мораме и да ја потврдиме титулата“.