Ја шокираа Барса, испишаа историја и воодушевија со еден потег по мечот (ФОТО)

239

Кадиз ја совлада Барселона со 1-0 во рамките на 32. коло во Ла Лига. За првпат во својата историја овој тим славеше над каталонскиот гигант, а бодовите и тоа како им значат, се извлекоа од зоната за испаѓање.

По големиот триумф беше вистинска фешта во соблекувалната на „Камп Ноу“. По завршување на истата на „Твитер“ со една објава воодушевија.

Соблекувалната остана чиста. „Беше голема чест да се игра на Камп Ноу и да се дојде до историска победа. И благодариме на Барселона за одличните моменти и гостопримството како секогаш. Им посакуваме многу среќа во продолжение на сезоната“, стои во објавата на Кадиз.


ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ однесоа 16 милиони денари кај играчите на ВИДЕОЛОТАРИЈА за една недела
СледноПоп Арсова со државен рекорд, заедно со Анчевски победници во Купот на Македонија