Готово е: Халанд става потпис за Сити, ќе биде најплатениот играч во Премиер-лигата

423

Ерлинг Халанд следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити, оваа информација доцна синоќа ја објави „Дејли Меил“.

Пред една недела Ди Марицио, познатиот спортски новинар откри дека младиот фудбалер ги одбил Реал Мадрид, а сега доаѓа потврда дека деталите со „граѓаните“ се договорени.

Во Борусија Дортмунд повеќе „навиваа“ за Реал бијдеќи клаузулата на Халанд за следната година би била 120 милиони евра, додека ова лето изнесува 75 милиони евра. Сепак одличниот напаѓач сака да си оди што побрзо, па Сити освен што ќе ја плати споменатата сума, за него ќе потроши огромно богатство.

Раководството на клубот му даде понуда која не се одбива: договор од пет години и неделна плата од 500 илјади фунти, во евра значи 600.000 евра неделно, додека годишно преку 31 милион евра и тоа без бонуси. На неговиот менаџер, Мино Раиола, Сити ќе му даде провизија од 70 милиони евра.

На овој начин Халанд ќе постане најплатениот играч во историјата на Премиер-лигата. Спред информациите на „Дејли Меил“ тој ќе заработува 500 илјади фунти неделно, повеќе од Кристијано Роналдо кој неделно заработува 385 илјади фунти,

Халанд во Борусија дојде во зимскиот преоден рок во 2022 година за сума од 20 милиони евра. Одигра 85 натпревари и постигна 82 гола, зад неговото име стојат и 23 асистенции.

ПретходноДалас израмни, Јокиќ заработи исклучувачка, рекорд на Кари (ВИДЕО)
СледноНејмар жестоко му одговори на екс-фудбалерот на Ливерпул