И официјално: Ајви е нов кошаркар на МЗТ Скопје

339

Американецот Бре Ајви (25 год, 191 см) е најновото засилување за четата предводена од тренерот Александар Петровиќ, кој ќе биде од голема помош во обидот да се одбрани титулата во домашното првенство.

Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар, добро познат на македонската спортска јавност, со оглед на одличните настапи во дресот на Академија ФМП, за која играше од почетокот на сезоната. Ајви во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции.

За Американецот ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции.

ПретходноКипријановска се сели кај Гичевска која потпиша за романски тим
СледноУправниот одбор ја верификуваше премијата од 50.000 евра за ракометарите