Миркуловски доби признание за особен придонес за афирмација на ракометот

338

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски и официјално на мечот против Чешка одигран викендов во Скопје со кој Македонија обезбеди пласман на следниот Мундијал, се прости од играњето во националниот дрес. По деценискиот престој во репрезентативниот табор, Миркуловски кажа дека е доста, а неговиот придонес навистина е пребогат со оглед на фактот што тој беше дел од речиси сите успеси на ракометна Македонија низ годините.

Токму затоа, денеска во просториите на Агенцијата за Млади и Спорт му беше доделено признание за особен придонес за афирмација на ракометот кое што му го додели директорот на АМС, и негов поранешен репрезентативен колега Наумче Мојсовски.

ПретходноТриатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 на 14 мај во Скопје!
СледноВакво гол ремек дело ретко се гледа (ВИДЕО)