Фабио Аурелио, некогашен напажач на Ливерпул, за „Гол“ изјави дека Нејмар е големо разочарување бидејќи не освоил „Златна топка“.
„Ги има сите услови да ја освои Златната топка. Не знам што се случува. Можеби некои работи му се поважни од фудбалот. Кристијано Роналдо и Лионел Меси се на врвни ниво за 10-15 години.
Никогаш не можете да слушнете за нивните проблеми надвор од теренот, додека пак Нејмар секогаш е вклучен во такви работи. Тој треба да се држи на страна бидејќи е способен за неверојатни работи. Тој е далку од формата во која беше претходно. Тој е врвен играч кој би можел повеќе“, смета фудбалот кој има бразилско и италијанско државјаноство.
Не мина долго време во јавноста се огласи и Нејмар.
„Доста ми е од фудбалери кои зборуваат само с*ања. Ќе добијат пет минути интервју и зборуваат за туѓи животи. Ако сакаш да критикуваш, критикувај. Но не можеш да зборуваш вакви с*ања“, пиша Нејмар на социјалните мрежи.