Нови услови за супер-лигашите во машка и женска конкуренција, играчите со ограничен настап во младинските лиги

206

Во Супер-лигата и во женска и во машка конкуренција ќе има промени, на седницата на Управен одбор беше предложено и изгласано, мажите да имаат пријавено една пионерска екипа и плус една по избор, додека кај дамите мора да пријават пионерска екипа. Ова ќе биде база и шанса за развој на надежите. Претходно во женска конкуренција тимовите учесници во Супер-лигата немаа обврска да пријават пионерска лига.

Комесарот за натпреварување, Славе Николов на седницата на Управен одбор излезе со предлог со кој ќе се заштитат ракометарите и ракометарките, пред се здравствено. Бројот на настапи во лигите на истите да биде ограничен во две категории во младинските лиги. Истиот беше изгласан од страна на УО.

„Еден ракометар или ракометарка да биде пријавена во две категории. До сега еден играч играше во три категории, три меча во еден викенд тоа е премногу, пред се од  здравствен аспект. Еден играч ако е пријавен во сениорска екипа ќе може да игра во една од младинските категорија или обратно. Ако еден ракометар или ракометарка, се пријавени во кадетска селекција ќе може да игра исто во уште една категорија. Мора да ги заштитиме играчите“, изјави Славе Николов.

Следната сезона, екипите ќе мораат да имаат најмалку 10 играчи во записник. Оваа одлука е донесена поради злоупотреба на правилата,. Младинските лиги најверојатно ќе се играат по групи, но бројот на групите ќе биде намален. За ова ќе биде донесе финална одлука по консултација со сите клубови.

Се израмнуваат возрасните категории, па така следната сезона младинските категории ќе изгледаат вака:

Играчи родени 2008 година и помлади – Пионери
Играчи родени 2006 година и помлади – Кадети
Играчи родени 2004 година и помлади – Младинци

ПретходноПрвиот потег на новиот тренер на Јунајтед ќе биде да го “откачи“ Мегваер!
СледноМукаетов: Спортистите покажаа дека имаат достоинство, нешто што фали во оваа држава!