Три големи ѕвезди добиле „шут карта“ од ПСЖ

661

Јавна тајна е дека во ПСЖ постојат неколку кланови кои ја уништуваат атмосферата  во клубот.

Според „Л’Екип“, раководството на тимот донел одлука да се ослободи од сите аргентински фудбалери освен Лионел Меси. Така, на крајот на сезоната ќе си одат Анхел Ди Марија, Муаро Икарди и Леандро Паредес.

Ди Марија веќе одлучи да го напушти ПСЖ, а сега доби јасна порака дека повеќе не сметаат на него во францускиот клуб.

И на Паредес и Икарди, им е кажано да го напуштат клубот и да бараат нова средина.

Заминувањето на Ди Марија секако ќе биде хендикеп, бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во тимот, додека Паредес и Икарди се заменливи.

Ди Марија во ПСЖ пристигна пред седум години, а на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч по истекот на договорот.

Икарди и Паредес беа платени 100 милиони евра заедно и бидејќи не ги оправдаа вложените пари, може да се каже дека имаа неуспешна авантура.

ПретходноВерона славеше во Бергамо, прв гол на Чесерини по 87 натпревари (видео)
СледноДалас израмни, Јокиќ заработи исклучувачка, рекорд на Кари (ВИДЕО)