Шампионот тргнаа со победа во женското плеј-оф финале

106

Актуелните шампионки, Јанта Волеј КВ успеаја да ја отворат финалната серија од домашното првенство со победа над големиот градски ривал Работнички. Во првиот финален меч од плеј-офот, Јанта Волеј КВ тргна со победа од 3:1 за предност од 1:0 во битката до три победи кои носат шампионски трофеј.

На дуелот на теренот на Работнички, победата за гостинките од Кисела Вода стигна со пресврт откако го загубија првиот сет на разлика со 28:26.

Сепак во следните три сета беа за нијанса подобри од ривалките и успеаја да ги решат во своја полза.

Вториот меч од финалната рунда се игра по Велигденските празници во вторник (26 април) на теренот на Јанта Волеј КВ.

Прва лига (жени), финале (прв натпревари)

РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)

ПретходноПСЖ не сака ѕвездичка над логото за десет освоени титули, ќе ја чека ЛШ!
СледноГвардиола: За нас до крајот на сезоната секој меч е финале, вечерва навивам за Јунајтед