Најдобрата македонскат фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе биде дел од судискиот колегиум кој ќе ги суди натпреварите на годинешното Европско првенство во фудбал во женск аконкуренција. УЕФА и даде големо признание на нашата судијка ставајќи ја во списокот на судии за престојниот собир на најдобрите европски фудбалски репрезентации во женска конкуренција кој ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.
Пројковска веќе подолго време суди во најелитниот ранг на натпреварувања во женскиот фудбал и ова е само уште едно врвно признание за нејзината арбитража.