По завршување на ЕХФ-неделата посветена на последните бараж мечеви за пласман на Светското првенство 2023 година на кое виза обезбеди и македонската ракометна репрезентација, клубовите се враќаат на старите обврски.
Во рамките на плеј-офот во домашниот шампионат денеска ќе се одиграат два натпревари. Лидерот Е.Пелистер гостува во Скопје (18 часот), против Бутел ќе бара нови бодови за зацврстување на врвот на табелата. Избраниците на Жељко Бабиќ го сторија невозможното, го совладаат актуелниот македонски првак на гостински терен, па сега нема да ја пропуштат шансата да останат во пол-позиција пред новиот решавачки дуел со Вардар.
Кога сме кај актуелниот бранител на титулата. Има еден меч помалку од директниот конкурент, односно пет бодови помалку. Вардар му гостува на Тиквеш во Кавадрци, дуелот е закажан со почеток во 19 часот.