Американецот Морис Кари повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот. Местото на Кари веќе е пополнето со неговиот сонародник Бре Ајви, зад кого е фантастична сезона со одлични бројки во дресот на Академија ФМП и чие деби се очекува уште вечерва против ТФТ.
Тој во МЗТ дојде кон крајот на јануари, во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата, но не се снајде најдобро и не прикажа ниту дел од квалитетот кој се очекуваше од него.