Неколку Формула 1 тимови одеднаш бараат од ФИА да започне истрага во тимовите на Хаас и Ферари, поради забранета размена на информации меѓу тимовите за време на развојот на новите болиди.
Оваа информација не е официјално потврдена, но незадоволството се зголемува бидејќи Хаас освојува бодови и со 240 вработени работи подобро од тимовите кои се двојно поголеми од него. Три тима се обратиле до ФИА со барање да се провери кореспонденцијата меѓу ВФ-22 и Ф1-75. Конкретни тимови не се именувани, но изданието тврди дека ова трио вклучува некој од тимовите на Мекларен, Астон Мартин, Алпин и Мерцедес.