По заверката на АБА-лига, МЗТ Скопје се враќа на старите обврски – ТФТ го чека во „Кале“

83

МЗТ Скопје откако успеа да ја исполни една од поставените цели, кам-бек во АБА-лига, вечерва, по кратка пауза им се враќа на домашните обврски. Актуелниот македонски првак го игра првиот меч од Супер-лигата, и тоа против тимот кој до крај на оваа сезона ќе остане голем должник, ТФТ.

Освојувачот на Купот на Македонија го пречекува на домашен терен (19 часот). И двата тима во оваа нова пресметка ќе влезат со новитети во составите. МЗТ Скопје е зад лидерот Пелистер со пораз повеќе, додека ТФТ брка место во четворката која ќе продолжи да разигрува за титула.

Последната средба ја одиграа на крајот на минатиот месец, тогаш актуелниот првак на домашен терен славеше со 93-87.

Покрај овој натпревар на програмата се три дуели од пле-аут лигата. Академија ФМП по поразот од Ангели го пречекува МЗТ Скопје 2 (16 часот), Ангели ќе брка нова сензација кај Куманово (17 часот), додека пак Кожув е гостин на Работнички (17 часот).

ПретходноАрсовски не успеа во финалето, со бронза се враќа од ЕП
СледноДецата на Лино Червар пораснаа – Талески и Кузмановски први стрелци во баражите!