Стевковски: Македонија ЃП заслужи да се радува

265

Некогашниот шампион на Македонија, но и освојувач на купот, тимот на Македонија ЃП, годинава ќе има можност во своите трибини да вметне уште еден трофеј од ова натпреварување. Ќе игра финале, кое денеска беше заработено со триуфмот кај Струга Трим Лум по подоброто изведување на пеналите.

Како што е и тоа обичај при ваквите ситуации, играчите се трагичари, оние што ќе промашат секако, а голманите се хероји. Овојпат со тој епитет се носи Христијан Стефковски, екс македонскиот младински репрезентативец, а сега прв голман на МЃП.

„Сите сме хероји. Цел тим, клуб, навивачи. Сите го посакувавме ова, сите го заслуживме. Македонија ЃП, покажа дека сезонава е на високо ниво, а тоа на дело го покажуваат и ова изборено куп финале, но и позицијата на табелата во првенството. Мечот беше многу тежок но ние успеавме да се справиме со се. Стигнавме до пеналите, кои се секогаш неизвесни, бевме посконцентрирани, подобри. Немаме време за славје не чекаат уште многу предизвици до крајот. Пет кола во првенството, пет финалиња што се вели, и плус ова во купот. Ќе биде исклучително тешко, но верувајте дека ќе уживаме“ – вели за Спортмедиа, Христијан Стевковски.

ПретходноМихаилов: Испишуваме историја со Силекс
СледноИ МЗТ Скопје 2 го зеде скалпот на „Академците“, Ангели испушти сензација