Њу Орлеанс направи брејк, Мемфис и Мајами ја искористија домашната предност (ВИДЕО)

83

Њу Орлеанс успеа да го победи Феникс на гости со 125:114 и да израмни на 1:1 на стартот на плеј-офот во Западната конференција. Гостите, кои беа осми во регуларниот дел од пласманот на Западот успеаја да направат изненадување совладувајќи го најдобриот тим во првиот дел од сезоната. До победа Пеликанс беа предводени од Брендон Инграм со 37 поени, 11 скока и девет асистенции, а Си Џеј МекКолум постигна 23 поени, со девет асистенции и осум скока.

Ова е прва плеј-оф победа за тимот од Луизијана по 2018 година.

Кошаркарите на Мајами синоќа славеа на домашен терен против Атланта со 115:105 и со тоа поведоа со 2:0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција. Во последната четвртина тимот од Флорида водеше со максимални 94:78, а гостите потоа направија серија од 12:0 и на нешто повеќе од три минути до крајот го намалија резултатот на 104:101 со „тројка“ на Богдан Богдановиќ.

Сепак, Мајами успеа да ја задржи резултатската предност до крајот и поведе со 2:0 во плеј-офот. Интересно е што Мајами никогаш не загубил во плеј-офот, кога тргнал со предност од 2:0, додека Атланта исто така никогаш не стигнала до целосен пресврт, откако ги загубила првите два натпревари.

Мемфис на домашен терен ја совлада Минесота со 124:96 и со таа победа израмни на 1:1 во плеј-офот од Западната конференција. Победата од 28 поени разлика е рекорд за франшизата во НБА плеј-офот. Најефикасен во домашниот тим беше Џа Морант, кој остана без скок за трипл-дабл. Тој во победата на својот тим постигна 23 поени, 10 асистенции и девет украдени топки.

ПретходноНеколку Ф1 тимови бараат истрага за размена на информации меѓу Хаас и Ферари
СледноРангник безмилосно реален: Ливерпул е 6 години пред нас…