Адеми и Ристовски поразени во Сплит, Калиниќ стрелаше за еуфорија на „Пољуд“! (ВИДЕО)

421

Хајдук и дефнитивно се вклучи во битката за титулата во ХНЛ. Вечерва „билите“ во мега – дербито на Хрватска, успеаја во Сплит со 1:0 да го победат својот вечен ривал Динамо Загреб и тоа со голот на Никола Калиниќ во 63.минута за голема еуфорија на преполниот „Пољуд“.

Сега Хајдук има само четири бода помалку од Динамо Загреб кој остана лидер на табелата со 66 бодови, втор е Осијек со 64, па Хајдук со 62 бода по 31.коло.

За Хајдук не настапи нашиот репрезентативец Јани Атанасов поради повреда, но затоа влезе во игра младиот Емир Сахитим некогашниот голем талент на Работнички. Додека за гостите стартери беа Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

ПретходноМЗТ Скопје повторно падна пред ТФТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКикс на шампионот, Гранада со бод на „Ванда Метрополитано“!