Арсенал е “главен“ во Лондон…го победи Челси на “Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)

92

Одличен настап на Арсенал и победа, како гостин кај Челси со 2:4 на “Стемфорд Бриџ“. Момците на Микел Артета беа далеку подобар противник, постојано беа во водство, но Челси израмнуваше. Сепак точка на победата стави Сака во 90+2.минута со гол од пенал за конечни 2:4.

Претходно стрелци за Арсенал беа Нкетиах двапати и Смит – Роу, додека Челси двапати израмнуваше на 1:1 и 2:2 со головите на Вернер и Аспиликуета.

Њукасл и натаму продолжува со добрата серија, вечерва го победи Кристал Палас со 1:0 со голот на Алмирон.

Евертон се спаси од пораз од Лестер со голот на Ришарлисон во 90+3.минута за конечни 1:1. Претходно гостите поведоа со голот на Барнс уште во 5.минута.

ПретходноПоповски опериран, заврши сезоната за фудбалерот на Работнички!
СледноСити против Брајтон броеше до три! (ВИДЕО)