Петар Арсовски го освои бронзениот медал на Европското боксерско првенство за млади во Софија (-54 кг), откако во полуфиналето загуби со судиска одлука од домашниот боксер Љубослав Методиев.
Сепак, ова е голем успех за младиот Петар кој се запиша во историјата на македонскиот бокс кој освои медал на Европско првенство.
Сите мечеви на Арсовски на ова ЕП:
54 кг
1/8 финале
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2
1/4 финале
Петар Арсовски – Ремус Велис Антонио (Грција) 5-0
Полуфинале
Петар Арсовски – Љубослав Методиев (Бугарија) 0-5