Без руски и белоруски тенисери на Вимблдон

65

По инвазијата на Русија кон Украина АТП и ВТА донесоа одлука да им дозовлат на руските тенисери и тенисерки да се натпреваруваат на турнирите, но без национални обележја. Но за Вимблдон тоа не е доволно, па организаторите имаат дискреционо право самите да одлучуваат за тоа кој може, а кој не може да настапи.

Па така руските и белоруските тенисери нема да можат да играат на овој престижен турнир кој ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули. Тоа ќе биде голем проблем за Данил Медведев, Андреј Рубљов, Арина Соболенко, Викторија Азаренка, Анастасија Пављученкова, Карен Хачанов и други тенисери од овие две држави.

Во април властите во Британија објавија дека ќе им дозволат на тенисерите од овие две држави да играат на Вимблдон доколку покажат писмена гаранција дека не добиваат финансиска поддршка од Русија и не ја поддржуваат воената интервенција над Украина и Путин.
Иако ова не е се уште официјално, но се погласни се информациите дека на руските и белоруските тенисери ќе им биде забрането да играат на Вимблдон и турнирите во Обединетото Кралство. Наводно се очекува во брзо време информацијата да биде потврдена.

ПретходноМегваер: Да бев толку лош, немаше да играм на секој меч
СледноВинисиус e глупав, не знае да даде гол