“Кралевите“ вечерва во меч од Ла Лига со 1:3 ја победија Осасуна на нејзин терен, па така сега со новите три бода се на чекор до титулата во Ла Лига.
Стрелци на головите за четата на Карло Анчелоти беа Алаба, потоа Асенсио и Лукас Васкес во 90+6.минута, голот за домашните беше дело на Будимир во 13.минута за 1:1.
Треба да се каже дека Карим Бензема во два наврати, во 52. и 59.минута не успеа да погоди од белата точка.
Со оваа победа и дефинитивно Атлетико Мадрид ја предаде круната. Во случај на кикс на Барса утре кај Соседад, Реал уште викендов може да биде крунисан во Ла Лига.