Вардар рутински ја одработи задачата во Кавадарци

360

Вардар 1961 максимално ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Тиквеш, го совлада со 24-38 во меч од плеј-офот. Актуелниот македонски првак на стартот на овој дел од натпреварувањето пропушти шанса на домашен терен да го направи главниот чекор кон освојување на нова титула, па истата сега ќе се решава во Битола на први мај.

Домаќинот поведе само на стартот имаше 3-1, а потоа гостите со серија 1-6 дојдоа на плус четири (4-8). Најголемата позитива во овој дел од мечот беше седум поени (7-14 9 8-15), на одморот Вардар имаше водство од 9-15.

Не се промени ништо во продолжение, гостите продолжија со доминацијата, бро дојде на 12-20, па до крајот им остана рутински да го приведат овој меч.

Моралес постигна шест гола, Валчак имаше еден помалку. Стефановиќ и Симиќ запишаа по пет гола кај домашниот тим.

ПретходноФудбалер на Сити “фатен“ како уринира по ѕидот на еден хотел! (ФОТО)
СледноСалернитана го шокираше Удинезе, Нестор остана на клупатa (ВИДЕО)