Винисиус e глупав, не знае да даде гол

341

Поранешниот бразилски репрезентативец и светски шампион Луизао зборуваше за напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор. Некогашниот напаѓач на Ла Коруња го критикува младиот фудбалер за кого вели дека мора да подобри многу работи во својата игра.
Тој е глупав. Не знае да постигнува голови, не знае како да го надмудри голманот“, вели Луизао кој потврди дека потребно е играчот на Реал да се подобрува.

„Тој игра како демон. Но мора да се подобрува.  Мора да вежба шутирање, посебно со левата нога и со глава“, призна тој во подкастот „Реис да Ресенха“.

21-годишниот Винисиус има 14 гола и 10 асистенции оваа сезона во Ла Лига, плус уште два гола и седум асистенции во ЛШ, но тоа не е доволно и за светскиот првак со Бразил од 2002 година.

ПретходноБез руски и белоруски тенисери на Вимблдон
СледноГвардиола: 71 повреда по мечевите со Атлетико и Ливерпул