Големо признание: Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство во Англија ова лето!

142

Најдобрата македонскат фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе биде дел од судискиот колегиум кој ќе ги суди натпреварите на годинешното Европско првенство во фудбал во женск аконкуренција. УЕФА и даде големо признание на нашата судијка ставајќи ја во списокот на судии за престојниот собир на најдобрите европски фудбалски репрезентации во женска конкуренција кој ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.

Пројковска веќе подолго време суди во најелитниот ранг на натпреварувања во женскиот фудбал и ова е само уште едно врвно признание за нејзината арбитража.

ПретходноКин: „Си играат со гордоста, толку е тажно да се гледа овој Манчестер Јунајтед“
СледноИнтер понудил 20 милиони евра за Филип Костиќ