Одбојкарите на Будва денеска ја имаат првата „меч-топка“ за титула во црногорското пренство. Тимот во чии редови настапува искусниот македонски репрезентативен техничар, Филип Деспотовски веќе води со 2:0 во финалната серија против Будуќност, а денеска ќе се обидат да ја продолжат серијата без пораз во домашното првенство на домашен терен.
„Очекувавме голема борба, особено на теренот на Будуќност во „Морача“. Секоја чест за момците кои се борат, но ние сме за нијанса подобри и поискусни и ја правиме разликата. На секој натпревар оваа година момците од Будуќност покажаа дека можат да играат против нас, но тоа поголемо искуство секој пат води до наша победа. Очекувам победа и во среда, да се исполни целта и полека сите да си одат дома. Имаме предност од 2-0 и домашен терен во третиот натпревар, што повеќе да бараме“, изјави Филип Деспотовски за црногорските медиуми.
Нашиот репрезентативец на вториот дуел со Будуќност беше извонреден и реализираше 5 поени.